Жена протестираше гола во Иран поради третманот кон жените во оваа земја, скокајќи врз полициски автомобил.

Снимката од настанот ја сподели „Дејли мејл“, додавајќи дека полицијата се обидела да ја тргне од автомобилот, а таа одбивала да се помести.

Жената ги поздравуваше возачите кои поминуваа.

Не е јасно што го поттикнало храбриот протест на жената, но извештаите кои кружат на социјалните мрежи сугерираат дека таа протестирала против сè порепресивните закони за облека во Иран за жените, пишува „Дејли мејл“.

Предложениот предлог-закон, кој допрва треба официјално да биде усвоен, наведува дека секоја жена што ќе биде пронајдена „гола, полугола или облечена во облека што се смета за несоодветна на јавноста“ може веднаш да биде уапсена и предадена на судските власти. На оние кои ќе одбијат да се придржуваат може да им биде забрането да ја напуштат земјата или да им биде забранет пристапот на социјалните мрежи до две години.

Жените во Иран долго време се соочуваат со остри ограничувања, но спроведувањето станува сè поагресивно по смртта на Махса Амини во 2022 година.

22-годишната Амини беше уапсена од озлогласената „полиција за морал“ поради наводно неправилно носење на нејзиниот хиџаб.

Таа подоцна почина во притвор, а извештаите тврдат дека била тешко претепана – што предизвика протести низ целата земја.

Текстот (Видео) Гола Иранка скокна врз полициски автомобил и седна на шофершајбна во знак на протест поради односот кон жените во земјата е превземен од МАКФАКС.