Кошаркарите на Минесота се пласираа во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, откако во петтиот натпревар од првото коло од плејофот ги совладаа Лејкерс во ос Анџелес со 103:96 на гостински терен.

Тимбервулвс ја добија серијата со вкупен резултат од 4:1.

Најефикасен во тимот на Минесота беше Руди Гобер со 27 поени, заедно со 24 скока (девет офанзивни). Џулиус Рендал додаде 23 поени, Ентони Едвардс имаше 15 поени, 11 скока, осум асистенции и три украдени топки, додека Никел Александар-Вокер постигна 10 поени.

Во тимот на Лејкерси, словенечкиот плејмејкер Лука Дончиќ беше најефикасен со 28 поени, на кои придодаде девет асистенции и седум скока.

Руи Хачимура додаде 23 поени, Леброн Џејмс запиша 22 поени, седум скока и шест асистенции.

Во полуфиналето на Западната конференција, Минесота ќе игра против победникот од серијата од првото коло помеѓу Хјустон и Голден Стејт, во која Рокетс вечерва намалија на 2:3, откако победија со 131:116 на домашен терен.

Текстот (Видео) Гобер им пресуди на Лејкерси – Минесота ги елиминира „езерџиите“ е превземен од МАКФАКС.