Џејмс Вајсман, вториот пик на драфтот во НБА во 2020 година, по само еден одигран натпревар ја заврши сезоната.
Од оваа сезона член на Индијана Пејсерс се повреди, по пет минути игра во првата четвртина од првиот натпревар од новата сезона против Детроит Пистонс.
23-годишниот центар, откако шутираше за три поени, лошо се приземји на левата нога, а набргу го напушти теренот.
Ден подоцна беше објавено дека ја скинал Ахиловата тетива, што значи дека сезоната за него е завршена.
Кариерата на Вајсмен ја одбележаа различни повреди на коленото и зглобот, поради што не успеа да ги покаже квалитетите и потенцијалот поради кој беше втор пик на драфтот пред четири години. Во 2020 година тој беше драфтуван од Голден стејт Вориорс.
Инаку Индијана победи во Детроит со 115:109.
James Wiseman suffered a non-contact injury
Hope he is ok.
— Hoop Central (@TheHoopCentral) October 23, 2024
Текстот (Видео) Вториот пик од НБА драфтот во 2020 по пет минути ја заврши сезоната е превземен од МАКФАКС.