Во њујоршката населба Бронкс утрово делумно се урна облакодер, а првичните информации укажуваат на експлозија на гас како можен причинител, јавуваат локалните медиуми.

Инцидентот се случил нешто по 8 часот наутро во станбениот комплекс „Мичел хаусес“,. Станува збор за 20-катница во која, според противпожарната служба, се урнало окното за согорување отпад што се протега по целата висина на зградата.

На терен веднаш излегле бројни противпожарни екипи. Снимки од воздух прикажуваат десетици пожарникари кои ја проценуваат ситуацијата, додека на зградата јасно се гледа дека окното се одвоило од остатокот на конструкцијата.

Според првичните информации, се верува дека уривањето било предизвикано од експлозија на гас во самото окно за отпад. За среќа, од противпожарната служба соопштија дека засега нема пријави за повредени лица.

Истражувањето за точната причина на инцидентот е во тек, а властите се на терен за да ја обезбедат областа и да ги утврдат сите околности на настанот.

Текстот (Видео) Во Њујорк се урна дел од облакодер, се сомнева на експлозија поради гас е превземен од МАКФАКС.