Припадник на црногорската армија загинал кога воена цистерна за вода се превртела на патот, дознава порталот ЦдМ. Друг војник е тешко повреден и префрлен во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Несреќата се случила околу 13 часот.

„Еден припадник на црногорската армија загинал, а друг се здобил со тешки повреди за време на мисија за гаснење пожари. Несреќата се случила кога цистерната за вода што ја возеле се превртела“, соопшти Министерството за одбрана.

Црногорската армија, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да ги утврди причините и околностите на несреќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Во Црна Гора моментално има активни пожари во шест општини, во Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље, изјави Миодраг Бешовиќ, генерален директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Србија (@srbiju_upoznaj)

Четири авиони моментално се борат со пожарите, а се очекува наскоро да пристигне и канадер од Хрватска за да ги гаси пожарите на крајбрежјето. Хеликоптер од Србија исто така е ангажиран во гаснењето на пожарите.

Текстот (Видео) Во Црна Гора армијата гасне пожари: се преврте цистерна, загина војник е превземен од МАКФАКС.