Во Ванкувер, најголемиот пристаништен град во Канада, поплавени се сите железнички приоди кон пристаништето во градот, додека во одроните источно од пристаништето едно лице загина, а две исчезнаа.

Advertisements

„Целиот железнички сообраќај до и од пристаништето Ванкувер е во прекин поради поплавите во внатрешноста на Британска Колумбија“, изјави портпаролот на пристаништето Мати Полихронис.

Најмалку едно лице загина во лизгање на земјиштето на автопатот во близина на Пембертон, на околу 160 километри североисточно од Ванкувер.

Спасувачките екипи ја пребаруваат областа во потрага по преживеани и повредени.

Поради поплавите предизвикани од дводневните врнежи, привремено е прекинат транспортот на пченица и маслодајна репка од Канада, еден од најголемите светски извозници на житарки.

Прикажи повеќе