Комитетот за надзор на американскиот Конгрес објави снимка што ја пополнува претходно спорната „минута што недостасува“ од видеото од надзорот снимено пред затворската ќелија на Џефри Епстин во ноќта на неговата смрт во 2019 година.

Два клучни клипа, објавени како дел од пакет од речиси 34.000 документи објавени од комитетот доцна синоќа, го покажуваат преминот помеѓу 23:58:59 часот на 9 август 2019 година и полноќ на 10 август – временска рамка за која се тврдеше дека е исчезната.

Дигиталната форензика претходно утврди дека видеото објавено од Министерството за правда е составено од најмалку два одделни клипа споени заедно во монтажа, поттикнувајќи теории на заговор за прикривање на смртта на Епстин.

Новите снимки покажуваат дека камерата се префрлила на друго снимање точно на полноќ, поради што двете видеа морале да се спојат за да се создаде континуирано снимање. Се испостави дека немало прекин во снимањето, што е во спротивност со претходното тврдење на државниот обвинител Пам Бонди дека „последната минута се брише секоја вечер“.

„Она што го дознавме од Федералното биро за затвори беше дека снимките се ресетираат секоја вечер и дека истата минута недостасува секоја вечер“, тврдеше Бонди на брифингот во Белата куќа.

Првично објавените снимки не покажаа никаква активност во затворската ќелија во текот на предметното време.

Епстин беше пронајден мртов во неговата ќелија во Њујорк додека чекаше ново судење по обвиненијата поврзани со сексуална злоупотреба на малолетници. Министерството за правда пресуди дека тој извршил самоубиство.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Во новите документи за Епстин објавена и „исчезнатата минута“ од снимките од затворот е превземен од МАКФАКС.