Властите прогласија вонредна состојба во делови од општината Иерапетра, по катастрофалниот пожар во источниот дел од грчкиот остров Крит, кој во голема мера е ставен под контрола, објавија локалните медиуми.

Пожарот, кој избувна во близина на Иерапетра во средата, во суви и ветровити услови, зафати илјадници хектари обработливо земјиште и шуми на јужниот брег на најголемиот остров во Грција.

Пожарот сериозно ја оштети инфраструктурата, вклучително и водоводните мрежи, и предизвика евакуација на повеќе од 1.000 жители и туристи, според дневниот весник „То Вима“.

Дневникот објави дека истражен тим пристигнал на Крит за да ја утврди причината за пожарот, бидејќи брзото ширење на пожарот и повеќекратните фронтови покренале сомневања за намерно палење.

(Фото: ЕПА)

Текстот (Видео) Вонредна состојба на Крит: Евакуирани повеќе од 1.000 жители и туристи е превземен од МАКФАКС.