Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски го победи Бразилецот Диего Лопес во борбата за шампионскиот појас во перо категорија, во главната борба на УФЦ 314 настанот.

УФЦ 314 се одржа во Мајами, САД, во домот на НБА франѓизата Мајами Хит. Публиката уживаше во неизвезната борба.
На крајот „Волк“ победи со одлука на судиите 48:47, 49:46 и 49:46.

Волкановски во Мајами ја прекина серијата од два порази во УФЦ (претрпе тешки нокаути, од Ислам Махачев и Илија Топурија), туки и влезе во историјата на оваа категорија.

Волкановски стана првиот борец постар од 35 години кој освоил појас во перолесна категорија.

Текстот (Видео) Волкановски го врати шампионскиот појас во перо категорија е превземен од МАКФАКС.