Според последните информации до кои дојде ЦИВИЛ Медиа, бројот на загинатите во Украина како последица на утринските терористички напади се зголеми до 28 лица, а 112 се повредени.
Киjив: 17 загинати и 38 повредени;
Кривиj Риг: 10 убиени и 47 повредени, 9 во тешка состојба;
Днипропетровск: 11 загинати и 12 повредени;
Покровск: 3 убиени.
Како што објави предходно ЦИВИЛ Медиа, Русија изврши масовен ракетен напад на Кијив, Днипро, Крившј Риг, Славјанск и Краматорск на 8 јули. Беа употребени повеќе од 40 проектили од различни типови. Во терористичкиот напад на земјата агресор на цивилната инфраструктура во Украина беа погодени детска болница, породилиште, претпријатија, бензински пумпи, административни згради и станбени згради.
Во моментот на ударот врз детската болница во Кијив, во една од салите едно детето имало операција:
Руските брутални напади врз цивилни цели во Украина доаѓаат непосредно пред почетокот на тридневната средба на шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО утре во Вашингтон, со која се одбележува 75-годишнината од формирањето на Алијансата во 1949 година. Според најавите, главни теми на средбата ќе бидат поддршката за Украина, плановите за одвраќање и одбрана на Пактот, зајакнувањето на одбранбена индустрија и инвестициите и зајакнување на глобалните партнерства, но со примарна цел за манифестирање на единство меѓу сојузниците.
Драган Мишев