Бројот на загинати во земјотресот што утринава го погоди Тибет се искачи на 95, додека бројот на повредени достигна 130, пренесе „Ројтерс“.
Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина.
Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а екипите трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други материјали на погодените, објавија кинеските државни медиуми.
Според кинеската метеоролошка управа, моменталната температура во областа е минус осум, но до вечерва ќе се спушти до минус 18.
Луѓето останаа без вода и струја.
Влезот во Националниот парк Монт Еверест е затворен.
Тројца посетители кои биле на разгледување биле преместени на безбедно, објави кинеската државна телевизија.
(Видео) Луѓето панично бегаат, на улиците хаос – снимен моментот од силниот земјотрес на Тибет
Текстот (Видео) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 95 лица, над 130 повредени е превземен од МАКФАКС.