Кошаркарите на Њујорк Никс, трет пат во плеј-офот славеа во Детроит и со 4:2 ја добија серијата против Пистонс. Изминатата ноќ, благодарение на Џејлен Брансон, Никс победија со 116:113.
Најдобриот кошаркар на Никс оваа сезона со тројка во финишот го реши победникот. .
Никс обезбедија пласман во полуфиналето на конференцијата, каде што нивен ривал ќе биде тимот на Бостон, кој без поголеми проблеми го елиминираше Орландо.
Плејмејкерот на Њујорк постигна 40 поени на овој натпревар, со скромни 3/10 шут за три поени. Покрај тоа, тој запиша седум асистенции и два скока. Во тимот на Никс, Микал Бриџис исто така беше расположен со 25 поени, додека Ануноби имаше 22 поени.
Кејд Канингем повторно се истакна за Детроит, кој во овој случај постигна 23 поени, додека Џејлен Дурен имаше 21 поен, а Малик Бизли имаше еден помалку.
Текстот (Видео) Брансон со тројка ги реши Детроит Пистонс е превземен од МАКФАКС.