Блејк Лајвли неодамна се појави на премиерата на Another Simple Favor, во која глуми со Ана Кендрик. Во оваа прилика таа ја даде својата прва изјава во јавноста откако започна драмата со Џастин Балдони.
„Толку многу го сакам овој лик. Тоа е мојот омилен лик што некогаш сум го имала задоволството да го играм. Кога Пол (Феиг, режисерот) не покани да се вратиме, бев многу возбудена“, искоментира Лајвли.
Иако не го спомна Балдони, многумина веруваат дека за време на премиерата многу луѓе и изразиле поддршка поради ситуацијата со актерот.
Пол Феиг ја нарече извонреден соработник, велејќи: „Не сум работел со ниту една актерка која не сака да биде дел од процесот и да работи на работи за да ги подобри. Тоа е нашиот процес, сакам што Блејк го прави тоа на тој начин“.
Нејзиното доаѓање на премиерата сепак не помина без контроверзии, бидејќи пред киното стоеше маж со транспарент на кој пишуваше „Правда за Џастин Балдони. Блејк лажеше“.
Да потсетиме дека Блејк претходно изјави дека нејзините деца биле истрауматизирани од драмата со Балдони. „Пејџ Сикс“ известува дека Блејк ја изменила тужбата што ја поднела пред федералниот суд во Њујорк Во судскиот документ се наведува дека Џејмс, Инез, Бети и Олин се трауматизирани и дека ситуацијата „емоционално влијаела на нивната благосостојба“.
Текстот (Видео) Блејк Лајвли ја даде првата изјава по нејзината кавга со Балдони е превземен од МАКФАКС.