Американската пејачка Били Ајлиш го прекина концертот во Атланта за една нејзина обожавателка да добие инхалатор за астма. Били не сакаше да го продолжи концертот во „Стејт фарм“ арената (како дел од нејзината турнеја „Happier then Ever“) сѐ додека не се увери дека обожавателката е добро.

Настанот од концертот за медиумите го раскажала девојка која била на концертот…

– Били го забележа метежот и ги замоли сите да се повлечат и да направат простор. Луѓето потоа почнаа да бараат инхалатор бидејќи една девојка имаше проблеми со дишењето. Били го прекина концертот, сведочи очевидецот.

На видео од концертот се гледа како пејачката бара од својот тим инхалатор.

– Во ред е, имаме еден. Луѓе, дајте ѝ простор и не правете врева. Опуштете се, сѐ е в ред, се слуша Били.

На крајот сѐ се завршило добро.