Фудбалерите на Валенсија и Реал Мадрид вечерва на „Месталја“ го одиграа натпреварот од 12. коло, кој беше одложен во октомври поради поплавите кои го погодија овој дел од Шпанија.
Во турбулентен натпревар со многу пресврти, Реал во последните минути дојде до победа од 2-1 со играч помалку.
Уго Дуро го постигна воведниот гол за Валенсија, додека Лука Модриќ израмни во 85.минута, Џуд Белингем направи целосен пресврт во 96.минута, по катастрофалните грешки на Фулкие и Гиљамон.
Столе Димитиревски во првиот дел имаше две брилијантни интервенции, на стартот од мечот кога го сопре ударот на Валверде и во финишот на првиот дел кога му одбрани на Винисиус.
Џуд Белингем во 55.минута не реализираше пенал, топката заврши во стативата, а четити минути подоцна ВАР го поништи голот на Мбапе.
Во 80. минута Винисиус Жуниор доби директен црвен картон. Крилниот напаѓач на Реал Мадрид го удри Димитриевски и беше исклучен по прегледот на снимката.
Валенсија имаше шанса во 100.минута да изедначи, но по соло акцијата на Риоха и ударот што го упати од 20 метри топката заврши во стативата.
На овој натпрвар Лука Модриќ со 39 години и 116 дена стана најстариот играч кој постигнал гол за Реал Мадрид на официјален натпревар. Тој го собори рекордот на Ференц Пушкаш од 1966 година. Тој постигна гол на 39 години и 15 дена.
Реал Мадрид победи и се искачи на првото место во поредокот во Ла Лига со 43 бода, два повеќе и натпревар повеќе од градскиот ривал Атлетико.
Текстот (Видео) Белингем промаши пенал, па погоди во 96.минута за триумф над Валенсија – Винисисус го удри Димитриевски и доби црвен картон и е превземен од МАКФАКС.