Најмалку седум лица се повредени, а по уште три се трага, чие исчезнување е пријавено во предградието на Денвер при пожар кој уништи речиси 1.000 куќи и оштети стотина домови, соопштија денеска властите во Колорадо.

Advertisements

Шерифот на округот Болдер Џо Пел во саботата изјави дека иследниците се уште се обидуваат да ја утврдат причината за пожарот што избувна во четвртокот попладне во областите меѓу Денвер и Болдер, пренесува АП.

Претставниците на комуналните претпријатија не ги пронајдоа паднатите далноводи околу местото каде што избувна пожарот, рече Пел.

Жителите, полека се враќаат во своите домови за да ја видат големината на штетата предизвикана од пожарот.

Уништени се најмалку 991 куќа, а шерифот Пеле предупреди дека тоа не е конечниот биланс на штетите.

Најмалку седум лица се повредени во пожар што избувна во градовите Луисвил и Супериор.

Претседателот на САД, Џо Бајден, го одобри нацрт-законот кој предвидува федерална помош за погодените од катастрофи, а гувернерот на Колорадо, Џаред Полис, прогласи вонредна состојба, ослободувајќи средства за вонредни ситуации и други ресурси за државна помош. претходно објави Би-Би-Си.