Во краткото обраќање до нацијата од Овалната соба, прво по повлекувањето од претседателската трка, претседателот Бајден рече дека се откажал од својата кандидатура за реизбор и покрај тоа што верувал дека неговото досие и неговото лидерство заслужуваат втор мандат.
Тој изјави дека е време за „нови гласови, свежи гласови – да, помлади гласови“ предводени од новата генерација на лидерство во Америка.
„Решив дека најдобар начин е да ја префрлам палката на новата генерација. Ова е најдобриот начин да се обедини нашата нација“, рече тој.
во својот прв говор по предавањето на факелот на потпретседателката, и најверојатната кандидатка на демократите, Камала Харис, Бајден изјави:
„Јас ја почитувам оваа функција, но повеќе ја сакам мојата земја“,
„Ништо – ништо – не може да дојде на патот да ја спасиме нашата демократија. Тоа вклучува лична амбиција“.
Бајден не се осврна директно на загриженоста за неговата возраст и неговото здравје што го натера да ја напушти трката. Наместо тоа, тој вети дека ќе продолжи да работи на надворешната и внатрешната политика, настојувајќи да ја унапреди својата агенда во следните 180 дена,„дури и како куцам претседател“.
Бајден вети дека ќе ги заштити децата од насилство, од оружје, од климатски промени, дека ќе се бори против ракот „бидејќи можеме да ставиме крај на ракот како што го знаеме“ и дека ќе бара реформа на Врховниот суд „бидејќи тоа е од суштинско значење за демократијата”.
„Ќе продолжам да работам за да ја задржам Америка силна, безбедна и лидер на слободниот свет. Јас сум првиот претседател во овој век кој може да им каже на луѓето дека Америка не е во војна никаде во светот, нагласи Бајден додавајќи дека ќе продолжи да собира Коалиција на горди земји за да го спречи Путин да ја окупира Украина и да направи повеќе штета
Тој додаде дека ќе работи и на завршување на војната во Газа. Вели дека САД денес ја имаат најсилната економија во светот, со рекордни работни места.
Драган Мишев