Арсенал го победи Челси со 1:0, а Фулам запиша триумф над Тотенхем 2:0 во 29.коло во Премиер лигата.
Арсенал го доби натпреварот со еден гол во првото полувреме и со тоа ја продолжи трката за титулата во Премиер лигата и Ливерпул кој е на првото место.
Се играше 20. минута кога Микел Мерино погоди на асистенција на Мартин Одегард за водство на домашните од 1:0.
Претходно, во 12. минута Деклан Рајс имаше одлична шанса да му донесе водство на својот тим, но не беше прецизен.
Челзи можеше да израмни во 37. минута, но голманот на Арсенал го одбрани обидот на Марк Кукуреља.
Во вториот дел Мерино ја имаше единствената вистинска шанса во 60. минута кога можеше да го реши победникот и да го удвои водството на Арсенал, но Роберт Санчез спектакуларно го одбрани неговиот удар.
Арсенал сега е на второто место со 58 бодови, 12 помалку од Ливерпул, додека Челзи е на четвртото место со 49 бодови.
Во наредната рунда ривали на Арсенал и Челси ќе им бидат Фулам и Тотенхем кои ги одмерија силите на „Крејвен Котиџ“.
Фулам победи со 2:0, со головите постигнати во второто полувреме.
Натпреварот беше изедначен, а потоа во 78. минута Родриго Муниз постигна гол за водство на Фулам од 1:0.
Победата ја потврди Рајан Сесењон во 88. минута од натпреварот, кога погоди за конечни 2:0.
Фулам е на осмото место со 45 бодови, додека Тотенхем е на 13. позиција со 34.
Текстот (Видео) Арсенал го победи Челси – Фулам го изненади Тотенхем е превземен од МАКФАКС.