Фудбалерите на Арсенал го победија Њукасл со 1:0 во 37-то коло од Премиер лигата.

Арсенал и доколку имаше ненкави дилеми ја обезбеди втората позиција, додека Њукасл се наоѓа во групата од пет тима кои се борат за преостанатите три места, кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Арсенал победи со 1:0, со голот на Деклан Рајс во 55-та минута од натпреварот.

Претходно во трката за место во Лигата на шампионите се врати Нотингем Форест. „Шумарите“ во Лондон го победија Вест Хем со 2:1. Стрелци на головите за Форест беа Морган Гибс-Вајт во 11-та и Никоа Миленковиќ 61-та минута. Голот за „чеканите“ го постигна Џерод Боувен.

На табелата Њукасл, Челси и Астон Вила имаат по 66 бода, а Манчестер сити и Нотингем Форест по 65. Сити има натпревар помалку од конкурентите, кој ќе го одигра во вториник, кога ќе го пречека Борнмут.

Текстот (Видео) Арсенал го обезбедеи второто место, од третото до седмото се води битка за пласман во ЛШ е превземен од МАКФАКС.