Антониа Гиговска ја објави новата песна „Специјалиста“ заедно со видео-спот.

„Слушајте ја и вие што сте скршиле срце некому, а и оние на кои ви било скршено срцето, ама никогаш не заборавајте дека љубовта победува се, па и да ви се скршат, и да боли, вреди нели?“, напиша таа на социјалните мрежи.

Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, кој заедно со Магдалена Ена го потпишува и текстот. Режисер на спотот е Даниел Јовески.

Текстот (Видео) Антониа Гиговска заведува во новиот спот за песната „Специјалиста“ е превземен од МАКФАКС.