Американските сили убиле 14 лица во напади на четири пловила во Пацификот за кои се сомнева дека превезувале дрога, потврди американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Едно лице преживеало и било спасено од мексиканските служби.

Според Би-Би-Си, нападите во источниот Пацифик се извршени во понеделник по наредба на претседателот Доналд Трамп и претставуваат ескалација во акциите против трговците со дрога.

Хегсет изјави дека четирите бродови биле познати на разузнавачките служби и се движеле по познати рути на шверц со дрога, нарекувајќи ги убиените „нарко-терористи“.

Текстот (Видео) Американските сили убиле 14 лица во напад на бродови со дрога во Пацификот е превземен од МАКФАКС.