Александра Пријовиќ неодамна во емисијата Сцена откри која била најнепријатната ситуација која ја доживеала на турнејата „Од исток до запад“. Тоа е врзано за облеката што таа ја носеше.

Таа изјави дека пред секој концерт подготвува и пробува што ќе облече со нејзината стилистка Тијана. Таа вечер беше облечена во комбинезон. На почетокот ништо не изгледало необично, но се покајала штом се качила на сцената во Задар.

@shone_brat

♬ original sound – shone brat

„Излегувам на сцена во црн комбинезон што го пробав дома, но во светлината на собата, не под рефлекторите. Излегувам на вториот блок, се вртам и низ целиот екран гледам дека комбинезонот потполно е проѕирен, како да сум гола“, рекла таа, пренесува Блиц.рс.

Таа понатаму изјавила дека во тој момент заборавила каде се наоѓа и која песна ја пее и дека и се „слошило“. Меѓу продуцентите во публиката бил и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ. Тој и рекол на Александра преку слушалката да се обиде да се врти што помалку.

„Тоа е многу непријатна ситуација бидејќи одам. Тоа е голема сцена, танцувам, се движам и размислувам што ќе правам. Реков: Ќе пеам како да ми е последно, без разлика на се’. Се разбира, тоа стана вирално, сите го споделуваа, не спиев поради тоа“, рече таа.

Како што изјавила, на социјалните мрежи следеле бројни негативни коментари.

„Ми се згади од неа“, „Многу евтино“, „Навистина претера“, „Останав без зборови. Ужас“, се некои од нив.

Текстот (Видео) Александра Пријовиќ за непријатната ситуација со нејзината облека на концерт: Како да сум гола, имаше многу негативни реакции е превземен од МАКФАКС.