Македонските репрезентативци утре ќе се сретнат со репрезентацијата на Исланд како последен натпревар во рамки на квалификациите за СП Катар 2022.
Македонската репрезентација сама одлучува за својата судбина , и со победа против Исланд сигурно одиме на второто место и обезбедуваме бараж за Катар.
Репрезентацијата на Исланд нема никакви шанси за пласман понатаму , но тоа не значи дека однапред ќе дојдат со бело знаме и ќе се предадат. Тие успеаа да ни направат услуга ремизирајќи со Романија 0-0 на гостински терен што доволно говори дека се квалитетна репрезентација која во никој случај не треба да ја потцениме.
Арнар Видарсон, селекторот на Исланд пред мечот посочи дека е импресиониран од начинот на кој игра Македонија но исто така истакна дека Исланд е тука да ни ја расипе забавата:
-Драго ни е што сме тука во Македoнија. Знаеме дека ова за вас е многу важен меч , а ние сме импресионирани како Македонија игра по Европското првенство. Ви посакуваме многу среќа, но ние ќе мора да одиграме на највисоко ниво утре и да ја саботираме вашата забава – истакна селекторот на Исланд и додаде:
-Сигурен дека секој професионалец е секогаш мотивиран за добар резултат на секој меч, така да не е тоа дека немаме шанса, па сега не сме мотивирани. Ние развиваме нов тим со нови млади играчи, го подготвуваме овој тим за во иднина, што значи дека утре ќе бидеме многу мотивирани, посочи Видарсон
Видарсон исто така истакна дека очекува израмнет меч , во кој подеднакви шанси имаат и двете репрезентации , и рече дека без разлика на се ќе ужива во овој натпревар со ладно пиво после натпреварот:
-Не’ чека неизвесен меч исто како оној кој го игравме на домашен терен. Шансите се 50 – 50. Своевремено имавме голем успех, но сега создаваме нов тим, и за овие играчи е важно да имаат што повеќе репрезентативни мечеви во нозете. Македонија има многу квалитети, но и некои слабости, а ние ќе се обидеме да ги искористиме истите, без разлика на се ќе уживам во натпреварот и ќе се напијам пиво после него, ќе видиме само дали во Романија или во Македонија, заврши Видарсон.