Сајтот „Kuwait News“ ја претстави Феда – презентерка на вести генерирана од вештачка интелигенција.

Advertisements

Овој кувајтски медиум ветува дека во иднина нивниот водител ќе може да чита вести на социјалните мрежи, пишува Гардијан.

Во саботата, Феда се појави на Твитер профилот Kuwait News како слика на жена, облечена во црно сако и бела маица.

„Јас сум Феда, првата водителка во Кувајт која работи благодарение на вештачката интелигенција. Какви вести претпочитате? Ајде да го слушнеме вашето мислење“, рече таа на арапски.

Прикажи повеќе