Речиси 2,24 милијарди тони цврст отпад се направени во 2020 година, покажуваат податоците на Светска банка. Велат дека таа бројка веројатно ќе порасне за речиси 73%, на околу 3,88 милијарди тони до 2050 година.
Пластиката е особено проблематична. Од почетокот на масовното производство на овој материјал во 50-тите години на минатиот век до 2015 година беа произведени над 8,3 милијарди тони пластичен отпад, покажаа истражувањата на универзитети од Џорџија и од Калифорнија.
Британскиот стартап Greyparrot креираше систем кој користи вештачка интелигенција, а е дизајниран за ги анализира фабриките за преработка и рециклирање на отпад. Greyparrot поставува камери над подвижните ленти на околу 50локации за отпад и рециклирање во Европа, користејќи софтвер со вештачка интелигенција да анализира што се случува во реално време.
Системите на Greyparrot сега следат 32 милијарди отпадни објекти годишно, а компанијата направи огромна дигитална мапа на отпадот. Овие информации може да ги користат управувачите со отпад за да станат оперативни и ефикасни, но може и да ги шират. Тоа на регулаторите им овозможува подобро да разберат што се случува со материјалите, кои материјали се проблематични, а влијае и на дизајнот на амбалажата.
Зборуваме за климатските промени и управувањето со отпадот како посебни проблеми, но тие се меѓусебно поврзани затоа што користиме ресурси кои не ги обновуваме. Ако имаме построги правила кои го менуваат начинот на кој консумираме и како ја дизајнираме амбалажата, тоа би имало големо влијание на синџирот на вредности и начинот на кој ги користиме ресурсите.