Мирослав Алексиќ, еден од лидерите на коалицијата „Србија против насилството“ за телевизија Н1 изјави дека изборите во Белград се „украдени“ и дека „Арена“ (Штарк Арена) е врвот на ледениот брег. Вечерва во 18 часот е организиран протест пред градското собрание.
„Не сум задоволен ниту од резултатите во Србија, ниту од резултатите во Белград, ниту од излезноста на изборите. Излезноста е на ниво на минатогодишните избори“, посочи Алексиќ.
Според него, опозицијата вкупно победила повеќе од СНС на изборите во Белград.
„Вчера бевме сведоци на брутално насилство преку ден, насилство и кражби. Нема срам да се изгуби, но има срам да се краде. Овде брутално е украдена изборната волја“, рече Алексиќ.