Вечерва во Доха ќе бидат извлечени групите за Светското првенство во Катар. Мундијалот ќе се одржи од 21.ноември до 18.декември. Ждрепката ќе започне во 18 часот. Досега пласман на СП изборија 29 репрезентации, во јуни, кога ќе биде комплетирана листата на учесници.
Носители на ждрепката покрај домаќинот Катар ќе бидат Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија и Португалија.
Во вториот шешир се: Мексико, Холандија, Данска, Германија, Уругвај, Швајцарија, САД и Хрватска.
Во третиот шешир има три селекции од Африка (Сенегал, Тунис и Мароко), три од Азија (Иран, Јапонија и Јужна Кореја) и две од Европа (Србија и Полска).
Во четвртиот шешир се Камерун, Гана, Саудиска Арабија, Еквадор и победниците од баражите: Перу-Австралија/ОАЕ, Костарика-Нов Зеланд и Велс-Украина/Шкотска.
Домаќинот Катар автоматски ќе ја добие позицијата А1. Прво ќе биде извлечено топчето со името на репрезентацијата, а потоа ќе биде одредена позицијата во групата.
Репрезентации од иста конфедерација ќе бидат разделени во осмуте групи, исклучок е Европа, односно УЕФА која има 13 претставници на СП. Во пет од осумте групи ќе има по две селекции од Европа.