Дали Ургентниот центар во ГОБ “8 Септември” не функционира? Ова прашање го постави Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. На фејсбук страницата на Комисијата тие излегоа со тврдење дека пациентите се упатуваат да побараат помош на друго место без да бидат прегледани во градската болница.❗️Вечерва пациенти реагираат дека се оневозможени да добијат здравствена услуга со наводно образложение дека има насока и Итната медицинска помош да не носи тука пациенти
❓Прашуваме:
1. Дали се точни информациите дека вечерва ГОБ “8 Септември” е без функционален Ургентен центар?
2. Каде да се упатуваат пациентите и која е причината за оваа нефункционалност?
3. Дали апаратот за комјутерска томографија е надвор од функција повеќе од еден месец и како тоа влијае на листите за чекање кои и без тоа се долги?
4. Колку време се чека за хируршка интервенција во оваа установа каде исто како и во другите здравствени установи се потешко се стигнува до здравствена услуга?
5. Зошто и по повеќе од 10 сечења ленти и промоции уште не е во функција онколошкиот оддел во оваа установа која е уште еден пример за неработење, негрижа и уназадување на јавното здравство, заради лошото менаџирање, иако установата е столб на секундарната здравствена заштита – запраша вечерва Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.