Вечерва со почеток од 20:00 во ДК „Злетовски Рудар“- Пробиштип, гостува претставата ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ, во режија на Роберт Ристов а во продукција на „Театар Провокација“-Скопје.

Претставата ги следи животните приказни на два пара, кои се разидуваат заради различните ставови во однос на одлуката – заминување во странство, заради подобра иднина.

Едниот пар разделбата ја преживеал во двеилјадитата година  а вториот пар, со оваа проблематика се соочува токму сега.

Претставата има за цел да поттикне системски промени, кои се единственото решение за задржување на младите во Македонија.

Во претставта играат актерите: Мирјана Ристов, Изабела Јакимова, Радо Алексовски и Роберт Ристов.

 

Текстот Вечерва во Пробиштип гостува претставата „Земја на штркови“ е превземен од МАКФАКС.