Двајцата поранешни водачи на ОВК, Хашим Тачи и Кадри Весели, се изјаснија дека не се виновни по новите точки од обвинението на Специјалното обвинителство. Обвинителството тврди дека Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими извршиле воени злосторства во Гњилане, Будаково и Сметиште. На прашањето на судијата дали ги разбира точките од обвинението, Тачи и неговиот адвокат изјавија дека не ги разбрале.
Advertisements
„Не ги разбрав, затоа што не можев да ги прочитам, затоа што се многу редактирани“, рече Хашим Тачи, поранешен претседател на Косово.
„Како и повеќето од овие обвиненија, тие се многу редактирани, имиња, места, времиња и поради тоа, мојот клиент г-дин Тачи, и другите не можат да разберат што точно презентира специјалниот обвинител“, рече Грегори Кахое, адвокат на Хашим Тачи.
„На јавноста и кажувам дека има реални редактирања во обвинението, и тие се главно поврзани со имиња на потенцијални сведоци, потенцијални жртви и тие се овластени од моја страна во решението што го дадов“, рече Николас Гилу, судија на претходна постапка.
На посебна седница, поранешниот шеф на косовското Собрание рече дека сака судењето да започне што е можно поскоро.
„Прочитав и сакам судењето да започне што е можно поскоро, и имам право да го изразам својот став и мојата невиност пред граѓаните на Република Косово, борците на Ослободителната војска на Косово и на овој чесен суд“, рече Кадри Весели, поранешен претседател на Собранието на Косово.
Според изменетата верзија на обвинението, во селата Будаково и Семетиште во Суварека, постои сомнеж дека во периодот од 4 јуни 1998 до септември 1998 година во притвор биле задржани најмалку 12 лица. Во обвинението, исто така, се наведува дека на крајот на јуни и почетокот на јули 1999 година, припадниците на ОВК привеле „најмалку три лица без правна постапка во штабот на ОВК, лоциран во зградата на поранешното училиште и студентскиот дом во Гњилане“. Обвинението против Тачи, Весели, Красниќи и Селими е поднесено на 26 октомври 2020 година, а од ноември истата година тие се во притвор во Хаг. Во меѓувреме, премиерот на Албанија Еди Рама, денеска во Хаг го посети поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи.
Шкелзен Аќифи