Полицијата ги приведе В.Е.(26) и Б.Е.(57), двајцата од селото Житоше, затоа што на семејна веселба пред куќата каде што живее во с.Житоше, В.Е. во воздух испукал неколку истрели од огнено оружје.
На лице место пронајдени се чаури, а од лицата одземени се гасен пиштол, сопственост на В.Е. и ловна пушка и дозвола за поседување на име на Б.Е..
По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Текстот Веселба со истрели во Житоше: 26-годишник славел пукајќи во воздух е превземен од МАКФАКС.






















