Плоштадот „Скендербег“ во Тирана утрово беше полн со илјадници муслимански верници за церемонијата на клањање на Рамазан Бајрам. Клањањето на Рамазан Бајрам се изврши во 06:20 часот, а церемонијата започна порано. Претседателот на Муслиманската заедница на Албанија, Бујар Спахиу, упати честитка за овој празник посакувајќи мир и просперитет.
Advertisements
„Повеќе да се посветиме на родителите, постарите, да бидеме блиску до сирачињата, да им подадеме рака на лицата со посебни потреби, да се грижиме и да покажеме милост кон нив. Не може да се помисли дека ќе има радост и задоволство на Бајрам за оние што ќе им свртат грб на пријателите, роднините, симромашните и на братот оставен настрана“, рече Бујар Спахиу, претседател на Муслиманската заедница на Албанија.
Во Големата џамија во Приштина беа испратени пораки за мир и солидарност за погодените од конфликтите во светот.
„На овој голем ден од оваа земја, се молиме војните и конфликтите да престанат во кризните места, се молиме да има мир и спокој во тие земји, се молиме да не бидат погодени постарите, невините деца. Мир и љубов за сите, а не конфликти, омраза и нетрпеливост“, порача Наим Трнава, претседател на Исламската заедница на Косово.
Верниците ги исполнија и плоштадите во многу делови од светот, од кои за прв пат од почетокот на пандемијата беше организирано масовно клањање на молитва.
Фатлуме Дервиши