Фановите на Тејлор Свифт шпекулираат дека пејачката тајно се омажила за ѕвездата на Канзас Сити Чифс, Тревис Келс, откако фотографија од свадбата на неговиот колега, играчот на Чикаго Берс, Кол Кмет, стана вирална на социјалните мрежи.
Оргнизаторката на венчавки Ели Нотоли сподели детали од свадбата на Кмет, која се одржа минатата сабота, на својата Инстаграм приказна, вклучувајќи писмо на кое пишуваше „Тејлор и Тревис Келс“ и „Маса 13“.
Нотоли објасни дека Тејлор и Тревис биле на различна свадба во Тенеси, но дека секој гостин добил плик, а новата сопруга на Кмет, Емили Јарош, им напишала љубовни писма на сите гости.
Фотографијата стана вирална, и додека некои напишаа дека славниот пар очигледно се венчал во тајност, други истакнаа дека е вообичаена практика паровите да бидат наведени заедно на поканите и подароците, без оглед на тоа дали се во брак или не.
Тејлор и Тревис не присуствуваа на свадбата на Кол Кмет, а тој викенд присуствуваа на свадбата на братучедот на Келс, Танер Корум, и Саманта Пек.
Извор близок до двојката неодамна откри за „Дејли Меил“ дека Тревис би можел да ѝ предложи брак на Тејлор штом ќе заврши новата сезона во НФЛ и дека „вереничкиот прстен е само прашање на време“.
Текстот Венчани во тајност? Фотографија на Тејлор Свифт и Тревис Келс ги збуни фановите е превземен од МАКФАКС.