Кортни Кардашијан (42) се омажи за Тревис Баркер (45), сега и официјално и според протоколот во Санта Барбара.
По еуфоричната венчавка во Лас Вегас, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер го кажаа судбоносното „Да“ во мирна семејна средина. Кога велиме смиренa, тоа значи навистина смирена.
Имено, за време на граѓанската венчавка во Калифорнија гости им биле само баба Мери Џо и таткото на Баркер Ренди!
Откако се венчаа, ријалити ѕвездата и тапанарот со стар црн кабриолет со натпис „Just Married“ до ресторанот каде ја продолжија прославата, но пазете сега: без децата и познатите сестри Кардашијан?!?!
„Тие мораа да се венчаат легално пред голема италијанска свадба. Сите нивни деца, како и остатокот од семејството, ќе бидат на свадбата во Италија“, изјавил извор близок на парот за магазинот People.
За својата втора венчавка Кортни облекла кратка венчаница од модниот бренд Долче и Габана, додека на црната коса ставила бел превез кој и го покривал лицето. Ултра кратката венчаница ги покажа нејзините нозе во кадифени црвени салонки со високи потпетици.
На фустанот се гледаше потписот „Посвета“ испишан во срцето, додека Кортни носеше и мрежести ракавици кои допираа до нејзините раменици.
Кортни претходно се пожали дека се здебелила поради хормонски терапии, а сето тоа во желба да забремени. Меѓутоа, хормонските терапии ја турнале во предвремена менопауза, а со тоа и во депресија.
Иако ја пронајде љубовта на својот живот, таа често е нерасположена и на работ на солзи, што може да се види и на фотографиите од „другата“ свадба.