Велика Британија соопшти дека ќе ги зајакне своите лошо опремени вооружени сили за да се осигура дека е подготвена да се соочи со она што шефот на одбранбениот преглед го нарече „смртоносен квартет“ вклучувајќи ги Кина, Иран, Северна Кореја и Русија.
Владата денеска го назначи Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО и член на Домот на лордовите, да раководи со подготовката на сеопфатна проценка за состојбата на британските вооружени сили, која ќе биде објавена во извештај во првата половина од 2025 година.
Робертсон, поранешен британски секретар за одбрана во доцните 1990-ти, кој беше на чело на Алијансата од 1999 до 2003 година, рече дека на Британија и треба борбено подготвена армија која би можела да одговори на новите предизвици.
-Се соочуваме со смртоносен квартет на народи кои се повеќе соработуваат, а ние во оваа земја, како и НАТО алијансата чиј состанок минатата недела беше толку успешен, мора да бидеме способни да се спротивставиме на овој конкретен квартет, како и на другите проблеми, изјави тој за медиумите.
Британскиот премиер Кир Стармер ја потврди својата посветеност за зголемување на трошоците за одбрана на 2,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на самитот на НАТО во Вашингтон неколку дена по неговиот избор, иако сè уште не кажа кога ќе се случи тоа./ МИА