Некои луѓе имаат среќни бројки, други среќен ден во неделата, а нашиот најнов СУПЕР МИЛИОНЕР имал среќно место каде на видеолотариските терминали, а тоа пак, очигледно, го оправда тој епитет. Нашиот соработник, Банана кицк ќе остане омилената локација во Велес на нашиот најнов СУПЕР МИЛИОНЕР добитник. Тој го освои најпосакуваниот ЏЕКПОТ во Македонија во четвртокот, на 28 април, приредувајќи вистинска еуфорија кај сите присутни.

Advertisements

Дојде во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија и ни пренесе како изгледало тоа среќно попладне.

„Јас секогаш играм на една иста локација. Играм често, па и добивките често ме радуваат. И овој пат го видов сигналот за добивка, ама прво мислев дека освоив некој од помалите џекпоти. После гледам дека е нешто повеќе, па помислив дека е МИЛИОНЕР, зашто и тој беше за паѓање, кога на крај сфатив дека сум добил СУПЕР МИЛИОНЕР. Почнав да викам од радост, имаше општа еуфорија, врескање“, ни раскажа добитникот, кој не сакаше да го открие својот идентитет. Ни сподели и дека секогаш играл само две игри: Flaming Hot и Burning Hot. Овој пат среќна му донесе играта Burning hot.

Сумата од 8.464.483 денари е повеќе од доволна за исполнување на многу желби, меѓутоа тој уште нема направено план.

„Ќе видиме како ќе ги трошам. Прво сакам да ги видам парите, па потоа ќе испланирам“, прокоментира, нагласувајќи дека и понатаму ќе продолжи да игра, на своето среќно место и своите среќни игри.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #VLT #СУПЕРМИЛИОНЕР