
Неколку интернет страници на украинската влада и веб-страниците на некои украински банки беа офлајн на 23 февруари во, како што соопшти владата, уште еден очигледен сајбер напад.
Интернет страниците на парламентот, кабинетот и Министерството за реинтеграција на окупираните територии беа меѓу оние кои беа недостапни.
Украинската државна агенција за сајбер безбедност соопшти дека нападот привремено ги оневозможил веб-страниците, додавајќи дека нападите нагло ескалирале во изминатата недела.
Агенцијата ја обвини Русија и руските актери за нападот, велејќи дека тие „веќе не се ни обидуваат“ да го сокријат својот идентитет.