Состојбата на папата Франциско останува „критична“ откако денеска претрпе „продолжена респираторна криза слична на астма“, соопшти Ватикан. Папата е „полош од вчера“ и доби трансфузија на крв, се вели во соопштението.

Ватикан извести дека 88-годишниот папа бил свесен и се наоѓал во својата фотелја, но му бил потребен „висок проток“ на кислород, а неговата прогноза „останува неизвесна“.

Папата се лекува од билатерална пневмонија во болницата Гемели во Рим.

Трансфузијата на крв била неопходна поради нискиот број на тромбоцити, поврзан со анемија, соопшти Ватикан.

„Состојбата на Светиот Отец останува критична“, се вели во соопштението.

„Папата не е надвор од животна опасност. Светиот Отец останува присебен, но е полошо од вчера“, се додава.

Папата беше примен во болница на 14 февруари, откако неколку дена имаше тешкотии со дишењето.

Текстот Ватикан: Папата Франциско и понатаму критично е превземен од МАКФАКС.