Аргентинскиот фудбалер Франко Васкез (36) од италијанскиот второлигаш Кремонезе е суспендиран на следните 10 натпревари поради расизам, соопшти Дисциплинската комисија во Серија Б.

„Одлуката е донесена по читањето на извештајот направен по завршувањето на натпреварот, како и дополнителениот извештај што го побарал Федералното обвинителство, од кое се гледа дека Васкез на крајот од мечот против Бари упатил навреда во која изразува расна дискриминација кон противничкиот играч Емил Мехди Дорвал“, се наведува во образложението на санкцијата.

Натпреварот Бари – Кремонезе (1:1) се одигра на 15 февруари.

Васкез (36) е убедливо најдобриот играч на Кремонезе во актуелниот шампионат, со девет гола на 26 натпревари. Кремонезе е четврти во Серија Б, на девет девет кола до крајот на сезоната има 45 бодови и отворен пат за пласман во плеј-офот за пополнување на Серија А.

Текстот Васкез суспендиран на 10 натпревари поради расизам е превземен од МАКФАКС.