Фудбалскиот клуб Вардар демантира дека договор потпишал Едиз Спахиу. 23 годишниот есенскиот дел од сезоната го мина во Тиквеш, постигна четири голови на 18 натпревари.
Пред два дена клупската <a href=”http://“>фејсбук страница, на која со години се објавуваат информации поврзани со клубот, објави дека Спахиу е нов играч на Вардар.
Сега на „fcvardar.com“ клубот испрати демант.
АД ФК Вардар сака да ја демантира неточната вест пласирана низ спортски портали а преземена од неофицијални фејсбук фан страници. Имено, фудбалерот Едиз Спахиу сè уште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат. Тој е во потрага по ангажман во странство. Клаузулите во неговите документи даваат простор да си најде трансфер заклучно со 20-ти јануари оваа година. Дали потоа ќе најде заеднички јазик со ФК Вардар, е работа за која фудбалската јавност навремено ќе биде информирана преку оваа веб страна, официјалното гласило на ФК Вардар АД.
Текстот Вардар демантира дека потпишал договор со Спахиу е превземен од МАКФАКС.