Руд Ван Нистелрој (48), заврши одлична работа краткото време кое го мина како в.д.менаџер на Манчестер јунајтед. Откако го замени Ерик Тен Хаг, забележа три победи и реми, а потоа му го отстапи местото на Рубен Аморим.

Прославениот напаѓач е на пат да го преземе Лестер, кој неодамна го отпушти менаџерот Стив Купер. Лестер оваа сезона се врати во Премиер лигата, но сега се бори да избори опстанок. Сензационалниот шампион на Англија од 2016 година моментално е на 16-тото место.

Ван Нистелрој стекна светска слава во Јунајтед. Тој одигра 219 натпревари и постигна импресивни 150 гола. Го освои и англискиот шампионат. Подоцна се пресели во Реал Мадрид и продолжи со одличните настапи. Кариера ја заврши во 2012 година во Малага.

Откако ја започна својата тренерска кариера како шеф на вториот тим на ПСВ, тој потоа го предводеше првиот тим до 33 победи и 10 нерешени во 51 натпревар, освојувајќи два трофеи.

Текстот Ван Нистелрој има нова работа е превземен од МАКФАКС.