Привремениот менаџер на Манчестер јунајтед, Руд ван Нистелрој го напушти клубот,
одлука ја донел новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, кој официјално ја презеде функцијата.
Легендарниот Холанѓанец минатото лето се врати во клубот и доби можност да го води Манчестер јунајтед по заминувањето на неговиот сонародник Ерик Тен Хаг.
„Благодарни сме му на Руд за придонесот и начинот на кој тој пристапи на својата улога за време на неговиот престој во клубот. Секогаш ќе биде добредојден на Олд Трафорд. Руд е и секогаш ќе биде легенда на Манчестер јунајтед“, се наведува во клупското соопштение.
Под водство на Ван Нистелрој, Јунајтед забележа три победи и едно реми. Со него на клупата „црвените ѓаволи“ двапати ги совладаа Лестер (3:0 во Премиер лигата и 5:2 во Лига купот) и ПАОК во Лига Европа (2:0), додека ремизираа со Челзи во англиското првенство (1:1).
Фудбалерите на Манчестер јунајтед сакаа Ван Нистелрој да остане во стручниот штаб кога тимот го презеде Рубен Аморим, но тоа не се случи. Поранешниот холандски репрезентативец го предводеше младинскиот тим на ПСВ и сениорскиот тим на клубот од Ајндховен во неговата тренерска кариера.
Текстот Ван Нистелрој го напушти Манчестер јунајтед е превземен од МАКФАКС.