Легендарниот голман на Ајакс, Манчестер Јунајтед и Јувентус, Едвин ван дер Сар, ја воодушеви фудбалската јавност откако официјално објави дека повеќе не е на интензивна нега, иако сѐ уште е во болница.
„Прво, сакам да им се заблагодарим на сите за поддршката и одличните пораки. Среќен сум што можам да споделам дека повеќе не сум на интензивна. Сепак, сè уште сум во болница. Се надевам дека ќе се вратам дома следната недела и ќе ги започнам следните чекори во моето закрепнување“, напиша Ван дер Сар во изјавата на Твитер.