Се уште траат дебатите од неверојатната ситуација за време на пенал рулетот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Во втората серија беше поништен голот на Хулијан Алварез. Според ВАР собата, Аргентинецот двапати ја допрел топката.

Реал Мадрид на крајот победи, од Атлетико не ја прифаќаат одлуката, сметаат дека се оштетени. Многумина од фудбалскиот свет се на нивна страна. Во саботата се огласи легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен, смета дека Атлетико е оштетен..

Тој вели дека не видел втор допир од Алварез за време на ударот.

„Јас не сум навивач на Реал Мадрид или Атлетико. Хулијан Алварез еднаш ја допре топката. УЕФА има обврска да го поправи тоа“, изјави Ван Бастен, кој моментално е вработен во ФИФА како директор за технички развој.

Како доказ за своите тврдења објави две видеа од спорниот момент, од два агли.

Текстот Ван Бастен за контроверзниот пенал на Атлетико: УЕФА има обврска да ја исправи грешката е превземен од МАКФАКС.