Вакцинацијата ги намалила трошоците за хоспитализација за 170,8 милиони денари или 2,8 милиони евра во текот на последните пет недели од делта бранот, покажува најновиот извештај на „Фајненс тинк“.
Според проценките, вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9 и 46,5 проценти и спречила да се заразат околу дополнителни 14.500 луѓе или 148 повеќе новозаразени на ден во текот на последните 3,5 месеци.
Отсуството на вакцинација би придонело, кумулативно, до дополнителни 4,595 неделни хоспитализации (околу 328 хоспитализации повеќе, неделно) – се вели во извештајот.
На носителите на политики им се препорачува да го забрзаат темпото на вакцинација со воведување на стимулативни мерки како на пример вредносни ваучери особено во градовите каде има пониско ниво на вакцинирано население. И на приватниот сектор му се препорачува преку стимулативни мерки да ги мотивира вработените да се вакцинираат, а новинарите и истражувачите да го зголемат нивото на информираност на популацијата за ефектите од вакцинација преку издржани и детални анализи.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.