Европската куќа на ракометот за сите фанови кои ќе сакаат да бидат дел од ракометното Европското првенство кое во јануари ќе се игра во Унгарија и Словечка за нашите фанови посебно ги засегаат оние протоколи во групата во Дебрецен.
Според новите мерки, во Унгарија нема да има лимитиран број на фанови. Ќе бидат дозволени полни сали.
За гледач да влезе на трибините, потребно ќе биде да е целосно вакциниран и да поседуваат сертификат, да се има потврда за прележаност, или, пак, да се има ПЦР-тест не постар од 72 часа.
Плус, секој гледач кој е на возраст над шест години задолжително ќе мора да носи маска за време на целиот натпревар и да му бидат покриени и устата и носот.
За натпреварите во Словачка, пак, Владата најавила до ЕХФ дека ќе ги достави конечните мерки најдоцна до 9 јануари.
Причина за тоа е влошената ситуација со коронавирусот во земјата. Она што засега е познато е дека само вакцинирани ќе може да гледаат мечеви од ЕП 2022 во Словачка, а за капацитетот допрва ќе се знае.
Македонија ја игра првата фаза во „Фоникс“ салата во Дебрецен. Отвораме на 13 јануари со Словенија, а потоа следат дуели со Црна Гора(15 јануари) и Данска(17 јануари).
Двете најдобри селекции во групата одат во следната рунда која ќе се игра во Будимпешта.