Хрватска ја победи Словенија со 29:26 и од првото место во групата избори пласман во четвртфиналето на 29. ракометен Мундијал.
Исланѓаните и Словенците се бесни, најмногу на чешките судии Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни.
Во четвртфиналето се пласираше и Египет, додека Исланд иако имаше ист број бодови како Хрватска и Египет, го заврши натпреварувањето.
„На Хрватска и помогна тоа што 55 минути играа девет против седум“ и „Натпреварот е наместен! Каков срам за судиите! Ракометот никогаш нема да биде сериозен спорт додека ИХФ не го реши проблемот со очигледно корумпираните судии“, се само дела од коментарите на навивачите на Исланд.
Интересен коментар имаше и Веселин Вујовиќ, кој на СП како селектор го предводеше Катар.
„Честитки за Хрватска за пласманот во четвртфиналето. Но, против Словенија судиските критериуми беа многу чудни и беа на штета на Словенците. Натпреварот не го гледав на РТЛ, не го коментираа хрватските коментатори и морам да признаам дека слушнав бројни критики за судиите. Кога ќе се сетам на оној циркус против Египет, кога судиите им ја одземаа топката на Словенците кога им требаше гол, морам да кажам дека ова како им дозволија на Хрватите да имаат подолги напади е многу необично. Не велам дека некој намерно и помогна на Хрватска, но критериумите беа навистина чудни“, рече Вујовиќ.
Логично дека незадоволен од чешките судии беше и селекторот на Словенија Урош Зорман.
„Никој не очекуваше дека ќе го отвориме натпреварот вака, но потоа за жал не можевме да издржиме во второто полувреме. На крајот, овде не победи ракометот, момците го дадоа својот максимум. Штета што не игравме вака против Египет и Исланд, Можам да се жалам на судиските одлуки, но факт е дека ракометот денеска не победи“, изјави Зорман.
Полувремето заврши во 15:15, но Зорман смета дека Словенија требаше да води.
„Не боли овој натпревар, но боли што истата чешка судиска двојка го судеше полуфиналето на Олимписките игри. Одигравме многу добар натпревар, но сигурно е дека домашната екипа мораше да мине на крајот, што на крајот го заслужија“.
Текстот Бура поради победата на Хрватска: „Домаќинот мораше да победи“, „Срамно судење на Чесите“ е превземен од МАКФАКС.