Германскиот парламент денеска со големо мнозинство ги усвои амандманите на Законот за заштита од инфекции кои вклучуваат обврска за вакцинација за луѓето во медицинскиот сектор, давајќи им можност на сојузните држави да воведат дополнителни мерки за борба против пандемијата.

Според новиот закон, медицинскиот персонал и персоналот во домовите за стари и изнемоштени лица ќе имаат рок до 15 март да докажат дека се вакцинирани против коронавирусот или дека се опоравиле од болеста. Од обврската се ослободени лицата на кои не им е дозволено да се вакцинираат од здравствени причини.

За да се забрза процесот на вакцинирање на населението, со измените во законот се овозможува вакцинирање да се вршат од стоматолози, фармацевти и ветеринари.

Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, на сојузните држави им е дозволено да воведат дополнителни мерки како што се затворање ресторани, барови и дискотеки, како и забрана на саеми и конгреси. Можно е да се забрани и собирање на поголем број посетители на спортски и културни манифестации.

Прикажи повеќе