Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби противниците во новото издание на Лигата на нации, а од шеширот со најквалитетни селекции ја добивме Бугарија.
Нашиот источен сосед нема забележителни резултати последниот период, па делува како соодветен противник на избраниците на Благоја Милевски, а бугарскиот селектор Јасен Петров смета дека неговата селекција има право да се надева на првото место во групата.
– Ждрепката ја оценувам како позитивна и поволна за нашата репрезентација.
– Не треба никого да потценуваме, секого почитуваме, но сметам дека имаме шанса да го освоиме првото место.
– Предизвик ќе биде тоа што ќе треба да одиграме три натпревари по ред, но подготвени сме за тоа што треба да го направиме, – изјавил Петров коментирајќи ја ждрепката во Нион.
Покрај Македонија и Бугарија, во истата група од Ц лигата се и Грузија и Гибралтар.