Бугарскиот парламент на 8 декември одобри две испораки на воена помош за Украина, една за опрема за противвоздушна одбрана и една за оклопни возила, од кои за втората беше потребно отфрлање на правото на вето од претседателот Румен Радев, јави државната новинска агенција БТА, а пренесе Кијив Индепендент.
Договорот за обезбедување на Киев со преку 100 претходно отпишани оклопни возила од советската ера, веќе потпишан од Софија и Кијив, првично беше вратен од Радев на 4 декември до парламентот, кој сега повторно го одобри трансферот, со 162 гласа „за“ и 55 „против“.
Втората одлука попладнето на 8 декември се однесуваше на нацрт-законот за испорака на ракети за противвоздушна одбрана од советската ера кои се сметаат за „неисправни“ или истечени, кој помина со 147 гласа „за“ и 55 „против“.
Соочена со намалени залихи на муниција за нејзините системи за воздушна одбрана од советската ера и без модерни производствени капацитети за ракети пресретнувачи надвор од Русија, Украина се обиде да ги искористи залихите во земјите од поранешниот источен блок, дури и оние кои се сметаат дека повеќе не се погодни за употреба од страна на нивните сопственици.
Претседателот Радев претходно ги обвини Украина и Западот за продолжување на војната, но парламентот покажа решителност и остана со определбата за обезбедување помош за Украина.
Традиционално, Софија не ги открива деталите за пакетите воена помош за Украина, за кои се смета дека главно се состојат од оружје, возила и муниција од советската ера.
Извор: The Kyiv Independent